Практична поддршка за секојдневното работење на вашиот бизнис.
Не мора да вработувате човек за секоја задача. Аурион ви обезбедува флексибилна поддршка таму каде што ви е најпотребна – од администрација и набавки, до комуникација со клиенти и дигитални активности.
Административна поддршка
Ги преземаме задачите што одземаат време, но се неопходни за нормално функционирање на бизнисот.
- Подготовка на понуди и предлози
- Средување и организација на документи и информации
- Истражување и прибирање податоци
- Организација на задачи и рокови
- Подготовка на табели и работни материјали
- Други административни задачи според потребите на компанијата
Поддршка за продажба
Помагаме потенцијалните клиенти да бидат пронајдени, контактирани и правилно обработени.
- Истражување и изработка на листи на потенцијални клиенти
- Телефонски и е-mail контакти
- Презентирање на основни информации за услугите
- Квалификација на потенцијални клиенти
- Водење евиденција за контактите и следните чекори
Поддршка при набавки
Од пронаоѓање добавувачи до споредување на понуди – го олеснуваме процесот на набавка.
- Пронаоѓање потенцијални добавувачи
- Испраќање барања за понуда
- Комуникација со добавувачи
- Прибирање и споредување понуди
- Подготовка на прегледни табели
- Следење цени, рокови и услови
Корисничка поддршка
Вашите клиенти можат да добијат навремена и организирана комуникација, според однапред дефинирани правила и процедури.
- Телефонска поддршка
- Е-mail комуникација
- Одговори преку веб-страница
- Viber и WhatsApp комуникација
- Комуникација преку социјални мрежи
- Проследување на барања до одговорното лице
Call center
Имате потреба од контактирање клиенти, потсетување за наплата и слично, но немате кој да го стори тоа? Ние сме тука за вас!
Веб и дигитална поддршка
Ги одржуваме вашите дигитални канали ажурирани и функционални.
- Ажурирање содржини на веб-страници
- Внесување и уредување текстови
- Основно уредување фотографии и визуелни материјали
- Подготовка на графики за социјални мрежи
- Одржување и ажурирање на содржини на социјални мрежи
Поддршка за бренд и промоција
Помагаме вашата компанија да изгледа професионално и конзистентно во секојдневната комуникација.
- Подготовка на визуелни материјали за социјални мрежи
- Основна обработка на фотографии
- Подготовка на промотивни материјали
- Одржување на визуелна конзистентност на дигиталните канали
Огласи за вработување
Подготвуваме професионални визуелни материјали за огласи за вработување, подготвени за објавување на вашите канали. Објавуваме огласи за вас, по потреба, селектираме и кандидати.
Не ви треба цел пакет?
Нема проблем.
Не мора да ангажирате Аурион за сè. Изберете ја само поддршката што ви е потребна или комбинирајте повеќе услуги според обемот на работа.
Кажете ни што ви треба → Ние ќе предложиме како можеме да помогнеме.
Comments are closed.